Tuesday, October 6, 2009

Боја и тон

Се што не опкружува има боја. Кога има светлина, има и боја. Боите ги делиме на примарни и секундарни. Примарни бои се: црвената, сината и жолтата, а секундарни бои се: виолетовата, зелената и портокаловата.

Боите ги делиме на хроматски и ахроматски, топли и ладни и светли и темни. Хроматски бои се примарните и секундарните бои, а ахроматски бои односно не-боите се црната и белата боја, кои всушност означуваат светлина и темнина.Топли бои се црвената, жолтата, портокаловата и кафената, а ладни бои се сината, зелената и виолетовата.

Тон е количество на светлина во една боја, што значи потемни и посветли бои од една иста боја. Тон се добива со мешање на хроматските бои со ахроматските бои, или со меѓусебно мешање на ахроматските бои, црната и белата.Со повеќе тонови се добива тонска скала.

No comments:

Post a Comment